September 10, 2019

Заврши пријавувањето за натреварот во пиење пиво

За сите пивопијци и оние кои сакаат предизвици заедно со Escape Travel подготвивме натпревар во пиење пиво. Пријавувањето е веќе завршено, а се одвиваше со пријавување во коментар со име и презиме на Фејсбук објавата на следниот линк. По случаен избор ги избравме натпреварувачите, оние кои се решени за најкраток можен рок да испијат најмногу пиво. Натпреварот ќе се спроведе лево до главната бина, пред големиот штанд на Скопско.

Во продолжение следува саатницата за првите три дена:

12-ти септември (четврток) – 21:30h

13-ти септември (петок) – 22:20h

14-ти септември (сабота) – 23:20h

На секој одреден термин ќе се натпреваруваат по четири учесници и сите победници од првите три вечери ќе одат директно во големото финале на 15-ти септември во 22 часот. Оние кои ќе дотуркаат до тука ги чека уште еден предизвикувач  – Mr.Beer.

За првото место следува наградно патување за двајца во Истанбул за продолжениот викенд за 11-ти Октомври, за второ место 50 ќебапи и гајба пиво, а за трето место 20 ќебапи и пола гајба пиво.

Не двоуми се. Дојди и бодри ги натпреварувачите!