August 20, 2019

Who See

Who See е црногорско хип-хоп дуо од Бока Которска. Бендот на почетокот на 2000-тите го оформија Dedduh (Дејан Дедовиќ) и Noyz (Марио Ѓорѓевиќ) објавувајќи ја првата демо песна „Dim po dim“. Во 2007-ма го објавија дебитантскиот албум „Sviranje kupcu“, но фокусот на пошироката јавност го достигнаа по објавувањето на синглот „Reggaeton Montenegro“ и албумот „Krš i drača“ во 2013-та. Препознатливи по своите вицкастите текстови во опуштена изведба и карактеристичните спотови, тие без проблем истата година ја освоија и MTV наградата за најдобар регионален изведувач. Таа година Who See ја претставуваа Црна Гора и на натпреварувањето за песна на Евровизија во Малме во Шведска.

Нивниот најуспешен албум „Nemam ti kad“ е објавен во 2014-та година и привлече огромно внимание на публиката ширум Балканот. Водечките синглови од албумот „Nemam ti kad“ и „Dje se kupaš“ се најдоа на самиот врв на сите регионални топ листи.

Актуелниот албум пак, „Pamidore“ во јули 2017-та го објави издавачката куќа Lampshade Media. Првиот сингл од овој албум, песната „Naselje“ стана инстант хит, додека од албумот се издвоија и песните „Pucačina po Budvi“, „Krokodil“ и „Golf 2“.