August 20, 2019

S.A.R.S.

S.A.R.S. пред повеќе од десет години за прв пат се појавија на сцената и речиси веднаш со својот мегахит „Buđav lebac“ станаа миленици на публиката во целиот регион. Нивните концерти одамна ги надминаа границите на регионот, па покрај речиси секогаш распродадените настапи низ Балканот, S.A.R.S. зад себе имаат турнеи и низ Шведска, Франција, Белгија, Германија, Чешка, Австрија, Швајцарија, Италија, а минатата година тие прославија 10 години постоење и со турнејата во Австралија. Денеска групата работи повеќе од било кога, постојано следејќи ги актуелните музички пристапи во светот, додека на домашен терен важи за креатор на новите музички трендови.