August 29, 2019

Let 3

Алтернативниот рок-бенд Let 3, од Риека, познат по своите провокативни настапи, долги мустаќи и експлицитни текстови, ги гледаме на Skopje Beer Fest! На 15-ти септември сè е оставено на нивниот префинет вкус за уникатен и ексцентричен рок перформанс. Ние сме спремни, а вие?