August 29, 2019

Горан Трајкоски

Горан Трајкоски е македонски композитор на театарска и филмска музика, инструменталист, вокален интерпретатор, основач на рок групите Падот на Византија и Анастасија. Бил соработник на неколку дискографски изданија и настапувал со групи и музичари како Мизар, Кирил Џајковски, Елена Христова, Александар Велјанов, Deine Lakaien и Mooger Fooger. Ж

Студирал англиски јазик и книжевност , но музички сам се образувал учејќи ја традиционалната македонска музика од Пеце Атанасовски, македонското и традиционалното источно црковно пеење од oтец Стефан Санџаковски. Својата прва музика за театарска претстава ја направил во 1989 година, а до денес работел музика за повеќе од 80тина театарски претстави и филмови.