August 30, 2019

Dubioza Kolektiv

Легендата на светската музичка сцена Manu Chao за нив вели дека се најдобриот европски бенд, а покрај Горан Бреговиќ важат за планетарно најпрепознатливите изведувачи од нашите простори. Dubioza Kolektiv, со проникливите текстови спакувани во музичка мешавина од хип-хоп, реге, даб и рок звук, повеќе од било кој друг бенд од регионот успеаја да ја освојат и светската публика. Fatboy Slim ја пушташе нивната песна “Balkan Funk” на светските фестивали во 2011 година, а Bill Gould – фронтменот на бендот Faith No More, истата година го продуцираше нивниот албум Wild Wild East за светскиот пазар. Репутацијата на општествено ангажирани лиричари завиени во интересните и „заразни“ музички композиции, по апсолутниот успех на албумот Apsurdistan, ја продолжуваат и со новото издание Happy Machine. Со милионски прегледувања на „Јутјуб“ каналот Дубиоза Колектив е препознатлива музичка икона од регионот.