September 7, 2019

10 факти за пиво кои можеби не сте ги знаеле

Сите ќе се согласиме дека пивото е омилен пијалак на поголем дел од луѓето. Без разлика дали е светло, темно, се пие во бар или парк, со кошарка или на фестивал  – буквално оди со секоја комбинација.

Во пресрет на Skopje Beer Fest кој ќе се одржи од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски Парк ви приредивме 10 факти за пивото кои можеби не сте ги знаеле.

– Пивото се интегрирало во културата на разни цивилизации пред винарството.

– Египќаните знаеле да прават пиво уште 2000 години пред наша ера. Артефактите пронајдени во гробници покажуваат дека во стар Египет производството на пиво не било само развиено туку и комерцијализирано.

– Први пишани податоци за правење пиво се зачувани на глинени плочи и датираат од пред 6000 години пред наша ера, а потекнуваат од Сумерците. Пиварите во времето на Сумерците биле угледни граѓани.

– Најсилното пиво во светото содржи 67.5% алкохол.

– Најголеми потрошувачи на пиво во Европа се Чесите.

– Пивото се појавило во Хамурабиевиот закон – еден од првите законици и гласел: „ Пивото не смее да содржи премногу вода и не смее да се продава по превисока цена“.

– Најголемите производители на пиво во светот се Германија, Велика Британија и САД.

– Во светото постојат повеќе од 400 видови на пиво, а Белгија е држава со најмногу брендови на пиво.

– Поради големото количество на силициум во пивото, тоа е добро за коски. Ги штити и овозможува калциумот да остане во коскената срж.

– И уште ова, доколку се избањате во када полна со пиво, вашата кожа значително ќе омекне.